На пациeнт му ампyтиpaле погpeшна нога, сега мора и другата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Докторите во една австриска болница направиле огромна грешка и на пациент му ја ампутирале погрешната нога.

82-годишниот пациент пател од низа на болести поради што левата нога морало да му биде ампутирана, а како што наведоа од австриската болница, дошло до „трагична грешка“.

„Шокирани сме од сознанието дека во вторникот, и покрај почитувањето на сите стандарди, на 82-годишниот маж му била ампутирана погрешната нога“, соопштија од клиниката Фрајстад во близина на границата со Чешка и додаде дека грешката првпат била забележана при промената на завоите во четвртокот наутро.

„Мораме да откриеме како дошло до овој пропуст, до оваа грешка. Сакам јавно да се извинам“, изјави директорот на клиниката Норберт Фрич.

Австриските медиуми пренесуваат дека пациентот, поради лековите најпрвин не бил ни свесен дека останал без здравата нога. Се чини дека до грешката дошло непосредно пред операцијата.

„За жал, грешката поради која е отстранета десната, наместо левата нога е резултат на низа на несреќни околности“, соопштија од клиниката.

Пациентот за жал сега мора да остане и без другата нога и таа операција треба наскоро да биде извршена.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This