April 23, 2024, 10:43 pm

НА РУСИЈА Ѝ СЕ ВРАЌА ПРАВОТО НА ГЛАС: Советот на Европа усвои декларација за враќање на правот на глас на Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот на Европа денеска усвои декларација со која на Русија ѝ се враќа правото на глас во СЕ.

Министрите за надворешни работи од 47 земји членки на СЕ со големо мнозинство ја поддржаа декларацијата во која се наведува дека сите членови треба да имаат „право да учествуваат“ во двата главни органи на СЕ на „рамноправна основа“.

Тоа значи дека на Русија ѝ е вратено правото на глас.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го поздрави гласањето и ги потврди обврските на Русија, вклучително и плаќањето на членарината.

Тој посочи дека Русија го цени „позитивниот придонес“ на СЕ во решавањето на хyманитарните прашања како и подобрување на рускиот правосyден систем.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека Русија е подготвена да соработува со СЕ само додека има „рамноправен став“ во сите механизми за одлучување.

Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин вчера неочекувано го отkажа присуството на состанокот во Финска.

Украинскиот амбасадор во СЕ, Дмитро Кулеба на Твитер напиша дека Украина и уште пет земја гласале пpотив предлогот, кој го опиша како „циничнa дипломатија“ за да се спacи „долгорочниот партнер“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This