На советниците на СДCM во Штип не им се paботи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани граѓани, гледате дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е на своите места како советници за да се одржи седница на Советот на Општина Штип. Меѓутоа иако на претходната седница укажавме на шверцерското однесување и донесување на одлуки за закажување на седници од страна на СДСМ, сепак сведоци сме и сега дека и денес и оваа седница во минута до дванаесет ја закажаа да биде онлајн.

Без консултација со опозицијата, со ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Тие ја закажаа оваа седница само под една причина дека заради заштита на здравјето на луѓето поради корона вирусот.

Короната на сите нивоа на власта овој момент е алиби на власта. На сите нивоа на власта. Значи и во Собранието сакаат да закажуваат онлајн седници, што не е уставно. А, овде минута до дванаесет сакаат на шверцерски начин, на еден нивен личен начин да ги донесат одлуките кои сакаат самите да ги донесат.

Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ протестира на овој начин да работи, нема да ги прифаќа ваквите одлуки и нема да учествува во донесување на едни одлуки кои се донесуваат на овој самоволен начин.

Изгледа тие не можат да обезбедат мнозинство во Советот, како што не можат да обезбедат и мнозинство во Собранието на Република Македонија, па така на овој начин преку како што кажа колегата и од странство, и од дома од спалните соби, или од било каде да можат да се вклучат, да го добијат своето мнозинство и да ги донесат саканите одлуки.

Ние против тоа протестираме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This