НЕКВАЛИТЕТНА АЛБАНСКА НАФТА ВЛЕГУВА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР: Дали владата премолчно дозволи влез на неквалитетна албанска и косовска нафта на домашниот пазар?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информации на Журнал, Албанската компанија „Gulf oil” влегува на македонскиот пазар преку фирмата Сан петролеум која оди со ребрендирање на бензинската пумпа Супертрејд. Оваа бензинска пумпа, како што дознаваме наскоро ќе почне да работи под капата на албанскиот бренд и ќе почне да ги пласира нивните производи.

 

Дел од медиумите веќе ја отворија оваа афера и сомнежите дека се отвара простор на македонскиот пазар за пласман на неквалитетна албанска нафта.

Имено, пред нешто повеќе од два месеци медиумите пишуваа дека фирми од Македонија веќе на големо вршат увоз на неквалитетна нафта од Косово. Како аргумент беше изнесен фактот дека царинските работници на Косово блокирале 40 цистерни со нафта за влез од Албанија, Тогаш беше наведено дека станува збор за количината од милион литри неквалитетна нафта. На списокот компании кои годинава правеле увоз од Албанија, медиумите ги наведоа Алов Илинден- Скопје, Црна Река Петрол од Кавадарци, Супертрејд- Скопје, Гуливер инженеринг- Скопје и Дади Оил од Виница.

 

 

После оваа информации, практично имаше молк кој трае до денес и изостана одговор дали властите спровеле контрола при увоз на нафта од Албанија или сериозниот скандал ќе заврши само со блокираните цистерни на царина во Косово.

Изостана и одговор на прашањето каде завршило увезеното гориво од Албанија, односно на кои бензински пумпи се точело и дали се уште се продава на македонскиот нафтен пазар? Сомнежите дека е можно е да се увезувало неквалитетно гориво ги засили изјавата на претседателот на Здружението на бизниси, Фадил Бајрами, дека овој товар не е прв од ваков вид што се појавува во регионот.

Нема одговор ниту на еколошките аспекти од скандалот, односно колку таквото неквалитетно гориво загадува, колку е штетно по животната средина и на крајот колку возачите биле изложени на манипулација, односно им се точело гориво кое штетно влијаело и на самите возила? нема одговор ниту на прашањата дали горивата од Албанија ги задоволуваат стандардите за квалитет и дали воопшто се направени такви испитувања?

Како што тогаш беше наведено во медиумите, извршената анализа во царинската лабораторија, како и во две акредитирани приватни лаборатори во Косово, покажала дека нафтата не ги исполнува критериумите за квалитет. По трите извршени анализи, една од трите компании, за која се знаело дека е нарачател „ХИБ Петрол“ инсистирала на друга анализа, по што Царинската управа на Косово испратила мостри од нафтата за анализа во Македонија, која го потврдила истото.

Најсимптоматично е што во целиот скандал изостанува информацијата дали и надлежните инспекции во Македонија вршеле контрола на бензинските станици за квалитетот на горивото кое го нудат.

Медиумите, тогаш се повикаа на изјавата на Фадил Бајрами во која посочи „Ова е уште една потврда дека се увезуваат неквалитетни нафтени деривати, а не дека тие се „расипуваат“ на бензинските пумпи. И оваа количина на нафта беше наменета за косовскиот пазар. Доколку не се контролираше на граница, таа ќе беше дистрибуирана по бензиските пумпи. Потоа кога ќе беа земени мостри на дериватот од пумпите тие ќе беа казнети по најмалку 10 илјади евра за неквалитет без нивна вина“.
Тој отркил дека блокираната нафта во Албанија пристигнала од Шпанија, според него не е познато дали низ Албанија минала само транзит или била депозитирана пред да тргне за Косово.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This