Нелоски до Каевски: Поpaзот на локалните избори е поcледица на неработењето и лошите политики на власта, СДСМ мора да излезе од матрицата на apoганција и понижyвање на граѓаните нарекувајќи ги злo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот круг од локалните избори евидентно покажа дека власта повеќе ја нема поддршката од граѓаните и дека граѓаните се подготвени за промени и конечно победи, најпрво во општините, а потоа и на централно ниво, вели Владимир Нелоски, претседател на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Нелоски потенцираше дека ваквиот резултат е пред се последица не само од неработењето на локалните власти на СДСМ, туку и поради лошите политики на централно ниво.

Резултатот од овие избори е последица не само од неработењето на локалната власт, туку и од сите останати лоши политики кои беа носени од страна на централната власт. Не би се согласил со Каевски дека СДСМ ја сфатиле пораката и не би се согласил дека народот им дал порака. Народот им даде порака во 2019тата година кога нивниот лидер мавташе со метли, ветуваше промена на позиции, директори и за сите оние кои што не работат чесно, но не видовме ништо од тоа и токму затоа граѓаните во неделата им го дадоа најпрво жолтиот картон кој што ќе го потврдат на 31ти октомври и СДСМ конечно ќе го доживее поразот кој што го заслужува, додаде Нелоски.

Според него на овие избори најголем победник е ВМРО-ДПМНЕ споредувајќи ги резултатите од минатата година на предвремените парламентарни избори и сега на локалните избори, додавајќи дека во скопските општини како и на ниво на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ или си го задржало гласачкото тело или пак го зголемило, што не е случај со СДСМ која што има доста намалување во однос на минатите години.

Во однос на гласовите, не знам која аналитика ја гледал Каевски, но ако ги погледнеме гласовите во Градот Скопје и во скопските општини, еве на пример Кисела Вода, ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми своите гласови за 1000 до 2000, додека пак СДСМ опадна за 5000 до 6000 гласови. Потоа доколку го земеме Аеродром, ВМРО-ДПМНЕ од претходните избори во 2020 година ги зголеми своите гласови за 4000 до 5000, додека СДСМ го намали за 2000 до 3000 гласови. Истото е и во Центар, ВМРО-ДПМНЕ остана на истото гласачко тело од минатата година, додека пак СДСМ падна за некои 2000 до 3000 гласови. Така е горе доле и низ цела држава.

Граѓаните на овие избори конечно одбраа, се одважија и избраа промени, победи и најважно од се проекти, истакна Нелоски.

Нелоски, ја искоментира и изјавата на Зоран Заев кој ги нарече граѓаните зло затоа што не му ја дале него поддршката, прашувајќи го Каевски дали како млад човек ќе им се извини на граѓаните за изјавата на Заев, укажувајќи дека СДСМ мора да излезе од матрицата на надменост и арогантност.

Јас бев фрапиран кога премиер на Република Македонија, без разлика дали е претседател на политичка партија, тој е премиер на сите граѓани. Тој премиер пред неколку дена кажа дека 400.000 протесни гласа на изборите биле зло. Сега јас на Дарко морам да му поставам прашање дали ќе се извини на граѓаните бидејќи неговиот претседател 400.000 граѓани на Македонија ги нарече зло. Значи потребно е СДСМ конечно да излезе од таа матрица, на надменост, на арогантност, на понижување на сите неистомисленици, порача Нелоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This