НЕМАШ ХРАБРОСТ ЗА ДЕБАТА, ПОВИКАЈ ,,НЕЗАВИСНИ” НОВИНАРИ: Зеколи распали по Лупевска и СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот Арсим Зекол повторно со критика до Зоран Заев и СДСМ. Тој на својот Твитер профил го коментираше недостатокот на храброст кај Зоран Заев да прифати дуел со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Зеколи иронично вели дека ,,Кога немаш храброст за дуел со Мицковски, повикај “независни” новинари да го одработат тоа што не смееш сам”.

 

 

Да се потсетиме дека премиерот Зоран Заев не ја прифати поканата за ТВ дуел упатена од лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Заев, иако себеси се нарекува промотор на дебатата, сепак не се охрабри да се соочи со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Познато е дека премиерот низ неговите излагања се колнеше во дебати и демократско владеење, а сега бега да даде конкрети одговори пред лидерот на ВМРО – ДПМНЕ за договорот за името.

Зоран Заев кој сега ја одбива понудата за дебата, во 2016 година ги повикуваше новинарите да отвораат иницијативи за дебата на највисоко ниво.

-Дај да ги споредиме фактите и аргументите, дај народот нека цени преку тоа. Апелирам до медиумите да повикуваат на дебати и дуели помеѓу власта и опозицијата, велеше во 2016 година сегашниот премиер Заев, кој за самиот себе велеше дека е човек кој се бори за демократија и дека е демократ, но истиот тој Заев сега беа од основното средство во демократијата, а тоа е дебатата.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This