April 18, 2024, 12:18 pm

НЕМА ГАРАЖА ЗА ЦЕНТАРЦИ: Богдановиќ го поништил одобрението за градба на катна гаража позади Собрание!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ го поништи одобрението за градба на инвеститорот „АНГО ДООЕЛ“ Скопје, за објект од втора категорија со намена за Е2 Комунална субструктура – катна гаража на улицата 11-ти Октомври, соопшти Центар.

-Инвеститорот добил одобрение за градење на катната гаража на ден 26.08.2014-та година, со правосилност од 10.09.2014-та година. Законски предвидениот рок за отпочнување со градење, согласно членот 66 од Законот за градење, е 2 (две) години од правосилноста на одобрението за градење, во спротивно одобрението за градење престанува да важи. Сѐ со цел да се запази законски предвидениот рок, на само 3 (три) дена пред истекот на рокот, односно на 07.09.2016г. инвеститорот поднесува барање за отпочнување на подготвителни работи за изградба на објектот.

Од страна на Дистрибуција на топлина „БАЛКАН Енерџи Груп“ (БЕГ), на барање на општината, доставена е и потврда дека инвеститорот ниту поднел барање, ниту потпишал договор за дислокација на вреловодна мрежа, а која инвеститорот своевремено ја навел како причина поради која се пролонгира на отпочнувањето со градење – велат од Општината.

На барање од општина Центар, Бирото за судски вештачења, со вешт наод и мислење, ја утврдил фактичката состојба и заклучи дека на конкретната парцела не се гради никаков објект, ниту некогаш започнал да се гради.

– Врз основа на добиените заклучоци од Инспекциските служби и вештачењето од Бирото за судски вештачења, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, издаде решение за огласување на ништовност на одобрението за градба и го поништи претходно издаденото одобрение за градење на катната гаража, соопшти Центар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This