НЕМА ГРАДЕЊЕ ВО ЦЕНТАР, ПРОДОЛЖЕН МОРАТОРИУМОТ ЗА ГРАДБА: Советот на општина Центар изгласа продолжување до 15-ти декември, од што ли ќе се полни општинската каса?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советниците на општина Центар вчера со гласови на советниците од сите политички партии го продолжија мораториумот за нови градби на територијата на општината. За оваа одлука гласаа 14 советници. Мораториумот беше до 5 септември, а сега е продолжен до 15 декември.

Советот вчера со 15 гласа за и 1 воздржан гласаше за неприфаќање на измените и дополнувањата на блок 24 во Деталниот урбанистички план градска четврт Ј 07, локалитети Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, општина Центар-Скопје.

По многубројните реакции на станарите од населбата Капиштец, советниците на општина Центар, како ретко која општина во државата, го слушна гласот на граѓаните и ја спречи изградбата на седум нови згради во нивното соседство.

Советниците на општина Центар, доследни на законските прописи во однос на зеленилото, безбедноста на учениците, сообраќајните норми, бројот на паркинг-места и други урбанистички стандарди, решија да не го прифатат ДУП-от.

Жителите во овој дел на Капиштец многупати реагираа и на објектите изградени околу градинката на улицата Козара, со кои се наруши нормалниот протек на сообраќај, безбедност, но и условите за пристап до овој важен објект наменет за ран детски развоj.

Ова е прв случај план што ги минал сите други институции да биде вратен и неусвоен од страна на совет, велат одговорните од општина Центар.

Од општината велат дека не се готови анализите на сите планови и не се испочитувани нивните барања, па мораториумот е продолжен до 15 декември.

Вчера советниците едногласно ја прифатија одлуката за прифаќање на измените на блок 9 во Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07, локалитети Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, општина Центар-Скопје. За блок 9 немаше спорни моменти бидејќи се работи за населба со куќи за индивидуално домување, каде што процентот на изграденост, густина на жители, висини и зеленило е согласно со постојните закони, заклучи Советот на општина Центар.

Плановите треба да предвидуваат развој, но не и развој со кој директно негативно се влијае на соседството и на јавното добро. На оваа девиза ќе останеме доследни за сите наредни урбанистички планови, порачуваат од општина Центар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This