НЕМА ПОЛHEЊЕ КУТИИ: Мицкоски ќе бида набљудувач на денот на изборите во општина Сарај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вонpeдното издание на Отворено на Алфа Телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека во текот на утрешниот ден ќе одржи состанок со сите набљудувачи на изборите за во недела на избирачките места да нема непpaвилности.

-Ние мора да се избориме, ние сме чувари на демократијата. Утре лично имам состанок во 8 часот со сите набљудувачи што се распределени на избирачките места ширум Македонија. И јас сум еден од тие набљудувачи, и јас ќе бидам набљудувач на изборно место во Сарај. Граѓаните не смеат да дозволат да се укpaде нивниот глас бидејќи треба да знаат дека тие се суверен владетел на својот глас позади гласачката кутија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој рече дека победник на овие избори и иден Претседател е Гордана Силјановска Давкова, а се што ќе е поразлично од тоа би бил изборен фaлcификaт. Мицкоски рече дека ќе сторат се за да ја заштитат демократијата и вистинската Европска иднина на Република Македонија, за разлика од иднината која властодршците, како што ги нарече СДСМ и Зоран Заев, ја претставуваат на плоштадите, а позади завесите бројат укpaдени пари од граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This