НЕНОВСКИ: Политиките на Владата ја намалија невработеноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политиките за вработување и за привлекување на странски инвестиции се двата доминантни фактори кои условија намалување на стапката на невработеност во земјата. Проектот „Македонија вработува“ меѓу другото обезбеди поголем дел вработени да бидат од младата популација до 29 години, онаа најранливата, најосетливата, којашто потешко наоѓа работа“, изјави за ТВ Нова универзитетскиот професор Томе Неновски.

tome-nenovski

„Од друга страна, странските директни инвестиции, со самиот нивни влез, отворање на нови погони, отвораат нови работни места и не само тоа, да не заборавиме, тие ја менуваат образовната структура на населението во Македонија, на работната сила“, додаде Неновски.

Неновски потенцираше дека на пазарот на труд има и недостиг на одредени кадри, па во претстојниот период треба да се образуваат кадри коишто ќе им одговараат на потребите на странските инвеститори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This