April 18, 2024, 11:36 pm

НЕПОТИЗАМ ЗА СИТЕ: Дојде животот за ,,најзаслужните” кој го донесоа Заев на власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непотизмот продолжува да царува во државната администрација и единиците на локалната самоуправа.

Последниот пример со вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојчевска од редовите на СДСМ само ја прели чашата со непотизмот во државните институции, особено во АД Државни електрани на Македонија- ЕЛЕМ.

Имено денеска со работа започна Виктор Стојчевски кој според ЕЛЕМ бил примен на претходен оглас за вработување, реагираат од компанијата од која претходно ВМРО-ДПМНЕ побара да им образложат како е примен синот на пратеничката.

Згрижување на државна сметка во АД ЕЛЕМ, претходно добија и синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери и сопругот на Магдалена Несторовска, додека за втор човек во АД за Стопанисување со станбено деловен простор е поставен Јон Фрчкоски, син на Љубомир Фрчкоски.

Од семејството Џафери околу овој случај на непотизам владееше молк, додека пак до семејството Грчеви, поточно Димитар Грчев на социјалните мрежи се пофали дека работи во ЕЛЕМ, статус кој подоцна го избриша, откако на него имаше голем број на негативни коментари.

-Да, работам за ЕЛЕМ. Благодарам на интересот, дефинитивно го немаше кога работев во фабрика во Штип. П.С. Во Штип повеќе плаќаа. – пишува Грчев на неговиот Фејсбук профил.

Синот на Бучковски вработен во МЕПСО

Власта го награди и својот поранешен функционер со одлично работно место за неговиот син.

Дамјан Бучковски е син на професорот Владо Бучковски, поранешен премиер и повратник во редовите на владеачката партија СДСМ. Тој во компанијата е ангажиран со договор на дело. Од неодамна во МЕПСО работи и Фиторе Бејта Акику, ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владеачката партија ДУИ.

„На последниот оглас за вработување објавен во согласност со Законот за работни односи, на работната позиција референт за набавки во одделот за комерцијални работи вработено е горепосоченото лице како најдобар кандидат од конкурентите на огласот“, информираа од МЕПСО за нововработената Фиторе Бејта Акику.

Адеми ја вработи сестра му во ЕЛЕМ, членството на движењето Беса во Гостивар револтирано

Асаф Адеми ја вработи неговата сестрата во ЕЛЕМ, и со тоа го проби револтот во членството на движењето Беса во Гостивар, објави Тетовасот.

Во редакцијата на порталот стигнаа пораки од активисти на Движењето Беса кои сметаат дека министерот Асаф Адеми неодамна ја ангажирал својата сестра во ЕЛЕМ, оставајќи ги членовите на партијата без работа.

Нивните забелешки не завршуваат тука. Општинскиот советник на од редовите на Беса, Телат Фетаи ја вработил неговата жена во општина Гостивар.

Тие, исто така, објавија дека Емерли Асани, член на Централниот совет на движењето Беса, ја вработил неговата жена во Палатата на културата во Гостивар. Членовите на движењето Беса кои го контактираа уредничкиот одбор се разочарани од страна на партиските функционери, како што велат, тие трчаа за партијата додека партиските функционери ги вработуваат членовите на нивните семејства.

Инаку министерот Адеми беше дел од скандалот во фондот за иновации, затоа што неговата сопруга добила средства од Фондот.

За Манчевски „два-три“ случаи на вработување во администрација не значат непотизам

Откако во јавноста се кренаа лавина реакции за изборот на баџанакот на собранискиот спикер Талат Џафери, Нури Бајрами за член на Државната комисија за спречување на корупција, се јави и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, со образложение дека два-три случаи на вработување во администрацијата не значат непотизам.

-Од 2006 година за нас беше забранет и во јавен и во приватен сектор било кој со членска книшка на СДСМ да се вработи и вие го знаете тоа. Затоа збориме за заробена држава. Денеска е чудно што било кој што е симпатизер на оваа власт дека се вработува и во јавна институција. Не е во ред да се согласиме дека повторно тоа е проблем, а каде да одат овие луѓе. Имате два примери и 20 други каде што луѓето си наоѓаат работа по други линии, вели Манчевски одговарајќи на новинарско прашање.

Манчевски како и актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев во време на опозиција ветуваа дека нема да има партизирање на институциите, туку нејзина професионализација, за да денеска од позиција прави сосема спротивно од она што го говореа во минатото.

Тој се обидува да се одбрани со тезите дека од 2006 година не можело да се вработи ниту еден симпатизер или член на СДСМ, нагласувајќи дека тоа била причината зошто сметале дека Република Македонија е заробена држава.

Според ова логично е да се постави прашањето ако се вработуваат партиски членови и симпатизери на СДСМ тогаш во каква држава живеат сега граѓаните, ако се земе во предвид дека ова не е еден единствен случај на непотизам во јавната и државната администрација.

Претходно јавноста беше сведок на вработување на високи функционери на СДСМ, однсоно синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери во ЕЛЕМ, синот на Владо Бучковски и сестрата на министерот Бектеши во МЕПСО, а синот на Љубомир Фрчковски е поставен за помошник директор во ПУИК, како и сестрата на министерот за култура Асаф Адеми кој ја вработил во ЕЛЕМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This