Непроценливи совети: Кога ќе го сфатите ова, ќе добиете сè што посакувате

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лав Толстој (1828-1910) бил припадник на руското благородништво, а неговото семејство поседувало голем имот и стотина слуги.

Неговите зборови до ден-денес се цитираат. Во нив се крие мудроста и тајната на среќен и исполнет живот. Можеме да научиме многу за уметноста на живеење преку мислите на Толстој, па затоа ги издвојуваме неговите најубави цитати:

1. Сите мислат како да го променат светот, а никој не размислува како да се промени себеси.

2. Цени ги добрите мисли и туѓите кога ќе ги познаеш. Ништо нема да ти помогне толку многу како добрите мисли за да ја исполниш вистинската задача во твојот живот.

3. Никогаш не ги слушајте оние што зборуваат лошо за другите, а добро за вас.

4. Без физичка работа нема здраво тело ниту здрави мисли во главата.

5. Она што поминало веќе не постои, што ќе биде сè уште не е дојдено. Па што тогаш постои? Само онаа точка во која се среќаваат минатото и иднината. Во таа точка е целиот наш живот.

6. Двајцата најмоќни воини се трпеливоста и времето.

7. Разговарајте само за она што ви е јасно, во спротивно молчете.

8. Плашливиот пријател е пострашен од непријателот затоа што се плашите од непријателот, а му верувате на пријателот.

9. Да се греши е дело на човекот, да се оправдуваат гревовите е дело на ѓаволот.

10. Повеќето мажи бараат од своите жени доблести до кои ни самите не се придржуваат.

11. Грешката никогаш не може да биде поправена со грешка, а злото никогаш не може да биде протерано со зло.

12. Секогаш мислиме дека луѓето нè сакаат бидејќи сме добри, но никогаш не помислуваме дека се добри оние кои нè сакаат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This