„Борците за слобода и демократија“ започнаа со нерегуларности.
На избирачкото место 2618 во Нерези недостасува гласачко ливче што значи дека избирачкиот одбор некому веќе дал едно ливче, за да се прави бугарски воз. Гласањето е запрено.
Во Влае, на гласачко место 2645 спречен е обид да се дадат две ливчиња на еден гласач со цел да се направи бугарски воз.
И на двете места каде е што е направен обид за правење на „бугарски воз“, се места каде што СДСМ според анкетите губи со голема разлика. Ова е обид да се намали поразот и евентуално да се предизвика прегласување!
Ова е надвор од сите очекувања и заложби на СДС за фер и демократски избори. Очигледно СДСМ во Карпош ќе оди на варијанта одредени гласачки места да се прегласуваат, да има гласање во повеќе кругови со цел притисок врз граѓаните. Ова е невидена трансформација на владеачката СДСМ која кога е во опозиција плаче за фер и демократски избори, а кога е на власт се претвара во главен креатор на нерегуларностите.
Значи ли тоа дека во Македонија се враќа времето во кое додека владееше СДСМ владееа и изборните нерегуларности. Како оние во 1994, локалните во 1996 кога со кражба го направија Сашо Кузмановски градоначалник.
Ако продолжат вака, изборите не само во Карпош туку и во другите места, ваквиот процес сериозно ќе ја врати Македонија назад.