April 25, 2024, 12:33 am

НЕ БИЛЕ „ТЕМПИPAHА БOMБА“: Босанците гнeвни на Макрон, повика на разговор амбасадорот на Франција во БиХ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кабинетот на претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, соопшти дека утре ќе го повика на разговор амбасадорот на Франција во БиХ Гијом Русон, поради изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека „Босна е темпирана бомба која чука веднаш до Хрватска“.

Од Гиом ќе се бара да ги разјасни ставовите на Макрон, соопшти Кабинетот на Комшиќ. Францускиот претседател во интервјуто за „Економист“ рекол и дека што се однесува до регионов во прашање не биле ниту Македонија, ниту Албанија, туку Босна и Херцеговина поради тоа што се соочува со проблемот со враќање на џихадистите. – Ако сте загрижени за овој регион (Западен Балкан), првото прашање не се ниту Северна Македонија ниту Албанија, туку БиХ. БиХ е темпирана бомба која чука веднаш до Хрватска и се соочува со проблемот на враќање на џихадистите, рече Макрон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This