НЕ БИЛ ПИЈАНИЦА, БИЛ УЛИЧАР: Шилегов со уличарски речник ги навредуваше советниците од опозицијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поставувањето на советничките прашања заврши пред време откако градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во еден момент од расправата нагласи дека прашањата на советниците од опозицијата не му се по мерка и почна да ги навредува советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, што тие го дефинираа како уличен и срамен речник на Шилегов.

Тој на прашањето на советникот Михајло Маневски, кој побара од Шилегов да одговори зошто Градот е бавен во реакцијата за справување со паднатите дрва и зошто не презема мерки да се обештетат граѓаните на Скопје, зачудено праша зошто му поставуваат нему такви прашања и оти тоа било работа на осигурителните компании.

Шилегов влезе во клич и со опозициските медиуми, незадоволен од начинот на кој известувале за неговата работа.

-Вие не сте достојни и не сте луѓе, јас сум човек, а што сте вие? Ништо…, рече Шилегов кој претходно спомена дека дрвосечач на градот бил Коце Трајановски.

На ова жестоко реагираа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои демонстративно ја напуштија седницата. Тие најавуваат дека ќе поднесат интерпелација за работата на претседателот на Советот, Љубица Јанчева, која остана нема на говорот на омраза и навредите на градоначалникот Шилегов.

-Ова може да се опише како обид на двоецот Шилегов-Јанчева да ја замолкне опозицијата и различното мислење, преку навреди и лични дисквалификации недостојни на еден градоначаник, да ни го оневозможат нашето право на збор, истакнаа советниците од опозицијата.

Тие посочија дека Јанчева демонстрира врвна нестручност во одењето на седниците и на извесен начин се става во подредена улога на Шилегов кој на овој начин сака да ја дефокусира јавноста од сопствената неработа и неспособност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This