Не е исклучена можноста за 24 часовен полициски час за Бајрам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не се исклучува можноста на 24 – ти мај, да има 24 часовен полициски час, кога се слави Бајрам како и празникот на светите просветители „Кирил и Методиј“. Техничкиот премиер, Оливер Спасовски најави дека утре ќе имаат состанок со Комисијата за заразни болести и дека сериозно ќе се разговара на оваа тема.

„Со оглед на фактот дека имаме двоен празник на 24 – ти мај, секако дека тоа заслужува внимание да се разговара на главниот Кризен штаб и да се разговара на седница на Влада. Меѓутоа како и да е одлуките ги носиме на база на мислењето на стручните луѓе. Какви мислења ќе бидат донесени, такви ќе ги разгледуваме и ќе носиме соодветни одлуки и ќе ја информираме јавноста“, рече Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This