„Не е нормално да се одржуваат Олимписките игри среде пaндeмија“, реагираат јапонските здравствени власти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Највисокиот јапонски медицински советник, Шигеру Оми, денеска изјави дека одржувањето на Олимписки игри среде актуелната ситуација со коронавирусот, не би било нормално, што е едно од најстрогите предупредувања до организаторите во врска со ризикот од претстојните игри (кои треба да се одржат од 23 јули до 8 август).

Лекарите велат дека Олимписките игри во Токио дополнително би го оптовариле и онака напнатиот здравствен систем, пренесува „Ројтерс“.

Според податоците на британската новинска агенција, само 2,7 проценти од Јапонците се ревакцинирани, но бројот на нови случаи се намалува на дневна основа.

Зборувајќи пред парламентарната комисија, Шигеру Оми рече дека организаторите треба да и објаснат на јавноста зошто одржуваат Олимписки игри среде пандемија.

„Не е нормално да се одржуваат Олимписките игри среде ваква ситуација“, рече Оми.

Анкетите покажуваат дека повеќето јапонски граѓани се спротивставуваат на одржувањето на игрите, загрижени дека десетици илјади спортисти, официјални лица и претставници на медиумите ќе дојдат во земјата.

„Ако под овие околности ги одржиме Олимписките игри, тогаш организаторите треба да бидат одговорни и да го намалат обемот на настаните и да ги зајакнат контролните мерки што е можно повеќе“, додаде Оми.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This