НЕ МОЖЕ ДА ГИ ОСУДИ, ПА ИМ ГИ ОДЗЕМА АДВОКАТИТЕ: Обвинетите за 27 април останаа без адвокати како во времето на комунизмот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судечкиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска ги казни со по илјада евра и ги отстрани од судницата сите адвокати на обвинетите за настаните во Собранието од 27 април, пишува Република.


Адвокатите се санкционирани откако се пожалиле на условите во кои се одвивал распитот на загрозениот сведок С1 во старата зграда на Кривичниот суд каде што беше префрлен поради технички пречки во новиот објект на судот.

Адвокатот Еленко Миланов по излегувањето од судот изјави дека бранителите побарале да им се овозможи да ги запишуваат изјавите од загрозениот сведок бидејќи не се слушало добро неговото сведочење. Тоа не им било овозможено, по што адвокатите се побуниле, и поради тоа се казнети и остратнети од судницата.

Според објаснувањето на Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на еден од обвинетите, Кацарска ги казнила во моментот кога тие се побуниле дека немаат услови за работа во старата зграда на Кривичниот суд, откако беа преместени од големата сала во новата зграда на судот поради технички причини, т.е. поради неможноста да се мутира добро гласот на загрозениот сведок.

Според Давидовиќ, Кацарска ги казнила поради попречување на текот на судскиот процес, што според нив не било попречување, туку поплаки дека не може да работат стоечки и не може да фаќаат белешки на колена.

Судијката Кацарска во записникот ставила дека денеска им се одзема правото да бидат бранители во процесот и дека на обвинетите ќе им бидат назначени адвокати по служена должност.

Обвинетите за „27 април“ се во судот, но бидејќи јавноста претходно беше исклучена од денешното сведочење на загрозениот сведок, не е познато како ќе продолжи процесот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This