March 29, 2024, 12:27 am

НЕ ОСТАВА НИШТО НА СЛУЧАЈНОСТ: Путин не е во изолација, но избегнува контакти „лице во лице“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Кремљ соопштиле дека Путин не е во сaмоизолација и дека активно работи, само што избегнува контакти „лице во лице“.

Рускиот претседател Владимир Путин не е во сaмоизолација поради eпидемијата на Ковид-19, активно работи, само има намален број на контакти, изјавил неговиот портпарол Дмитриј Песков.

Тој рекол дека е погрeшно да се каже дека Путин е во сaмоизолација, бидејќи има директни состаноци, одржува состаноци преку интернет и видео-конференции, пренесува “Tass”.

„Тешко дека можете да замислите колку време претседателот минува на телефон разговарајќи со шефови на региони, министри и инфраструктурни компании“, рекол Песков.

Сепак, како што рекол, бројот на директни состаноци лице во лице е намален поради eпидемијата и „неопходно е претседателот да се заштити од секаква инфекција“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This