April 19, 2024, 11:54 pm

НЕ ОЧЕКУВААТ ПРОМЕНИ: Денес студено и дожд, за неколку дена пораст на температурите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Република Македонија ќе биде претежно облачно и свежо со повремен локален дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје претежно облачно и постудено со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно облачно време со повремен локален дожд. Од недела ќе дува умерен, повремено зaсилен југоисточен ветер и ќе има пораст на дневната температура. Во понеделник под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи на повеќе места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This