April 24, 2024, 10:28 am

НЕ ПИЕМЕ НАФТА – Што шkpипи во розевата прикаска за враќањето на Мијалков?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Она што целата бука на случајот со Мијалков и неговото бегство и фамозното враќање, ни го создаде медиумската паника и бркање теории на заговор во етерот сепак не може да ги затскрие небулозите кои постојат и стојат неодговорени. Како да планерите на драмата околу бегството заборавиле дека ние не пиеме нафта и сме со сосема здрав разум.

Секој нормален човек, се води од приоритетите во животот, најблиското е секогаш најмило и прво информирано за одредени состојби за бил кој член на таа група најблиски.

Да, зборуваме за семејството. Ако Мијалков само сакал да се само изолира како што самиот вели, прво би се јавил на најблиските, нели секој од нив беше повикан на информативен разговор во полиција, и јасно е како бел ден дека ниту тие знаеле, ниту биле информирани дека само (замислете) член на нивното семејство е заболен од Ковид-19 (и тоа пазете по втор пат) со како што тој вели со тешки симптоми па да не информира дека може (еве да претпоставиме) да му се влоши состојбата до степен на бесознание и способност самиот да отиде до клиника или пак да повика брза помош.

Но да почнеме од почеток. Првите информации кои воопшто се појавуваат се некаде од 12.00 часот истиот ден, кога одреден неименуван дискретен, но како што таа вели добро информиран извор, на Рускоска, ја информира дека Мијалков е со план или веќе во напредна фаза на планирање на бегство. Изворот е толку сигурен тој ја оценува можноста за бегство со 7 (од 1 до 10), за да Русковска се јави на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да ги истражи овие сознанија.

Прикаската на Оливер Спасовски од пресот е потврдена, но во исто време останува неодговорено прашањето Кој е министерот / министерката кој знаел за планот за бегство на Мијалков.

Не може да веруваме дека тој министер/министерка би бил надлежен за локална самоуправа или култура. Првата асоцијација, барем за нас е некој поврзан со одбраната и безбедноста.

Во овој момент во 12.30 часот да претпоставиме, вкупно се запознати 6 луѓе со оваа информација :

Трајче Пеливанов
Ленче Ристовска
„Изворот“
Вилма Рускоска
Оливер Спасовски
„Министер“

(според информациите на Оливер Спасовски дека тој министер исто така имал ваква информација но не знаеме во кој момент),

Потоа информацијата е споделена и со другите обвинители од страна на Вилма Русковска, па така во 14.00 часот веќе вкупно на листата на запознаени се следните:

Трајче Пеливанов
Ленче Ристовска
„Изворот“
Вилма Рускоска
Оливер Спасовски
„Министер“
Љубомир Јовевски
Зоран Заев
Сашо Тасевски директор на БЈБ
Виктор Димовски директор на АНБ

Обвинителите го запознаваат првиот судија во 14:00 часот кога всушност е поднесено барањето за куќен притвор. Истото е одобрено дури во 18.45 часот и истото требало да му биде врачено во 19.00 часот .

Во саботата тој лежерно пиел кафе со Ивица Коневски во Дистрикт-Бар во 12.00 – 12.30 часот. Според кажувањата на Вилма Рускоска во интервју за 360 степени.

Значи тој во Саботата од 14.00 часот бил во хотел Мериот, а од 14.30 до 15.00 часот шетал по улицата Максим Горки заедно со сопругата Александра и тројца припадници на неговото обезбедување, и се до 15.00 часот кога тој се враќа во Хотелот Мериот.

Во 15.30 часот од хотелот неговиот телефон се упатува во својата куќа на ул. Тодор Александров бр. 69, од каде и му се губи трагата, а неговиот телефон е пронајден при претрес на неговиот дом.

Се вкупно на судскито-обвинителските органи им било потребно вкупно 2 часа од моментот кога не му било врачена одлуката за притвор до моментот кога полицијата влегла во неговиот дом. Од кога постои законска можност за врачување на Решение поминале повеќе од 24 часа. А од сознанијата за можно бегство на Мијалков, и повеќе од 36 часа.

Она за што со сигурност постојат факти е дека Мијалков имал целокупна информираност дека му се спрема куќен притвор. Дали од „Министерот/Министерката“ кои ја споделил информацијата, се уште не знаеме за да можеме да тврдиме со сигурност, бидејќи претходни извори можни се од обвинителството, од каде и посочува самиот Министер за Внатрешни Работи.


Мијалков со сигурност не бил во Република Македонија ниту пак имал симптоми за Ковид (тоа би му било втор пат или трет пат) бидејќи ниту побарал помош, ниту ги информирал за тоа најблиските или пак стручна лекарска помош.

Како што и самиот премиер Зоран Заев се пофали, користени се „мерки на одвраќање“ од бегство, кои никаде и во ниту еден закон не ги пишува, а за кои ќе покаже времето кои биле и со што се се служеле.

Според информациите со кои располагаме од тој период со ништо не укажуваат за човек кој има „симптоми на Ковид-19“ како што подоцна вели самиот Мијалков во фамозното „Сашојавление“ евидентирано со камерата на ТВ24 уредно пречекан пред обвинителството, лично од новинарот – сопруг на истакнат член на Извршен Одбор на СДСМ.

Следните нелогичности остануваат:

Обвинителите уште при давањето на завршните зборови во петокот, сметале дека треба да се предвиди мерка куќен притвор и тоа го споделуваат со Русковска и Љубомир Јовевски. Тоа Русковска не го потврдува, но дури во саботатата од нејзин извор во 12.00 часот ја „активира“ таа информација и ја соопштува на министер за внатрешни работи. Кој е „изворот“? Подобар и од двата предлагачи (Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов) на истата мерка куќeн притвор кои уште во петокот знаеле за планот за бегство?

Кој е првиот член на Влада кој е веќе информиран уште во петокот за бегството како што откри Спасовски на прес конференција дури на 22-ти февруари ?

Од поднесувањето на предлог мерката за притвор до Решението од надлежен судија поминува без малку 4 часа од 15.00 часот до 18.45 часот во саботата, кога мерката е одобрена, период во кој Сашо Мијалков можел три пати да отиде до Табановце и назад. (просек 40-тина минути е трасата за која се вози релацијата Тодор Александров 69 до граничен премин Табановце). Но поминале и два дена од петокот кога Пеливанов и Ристовска ја добиле информацијата дека Мијалков може да бега.

Мијалков е фамозно се појавува пред Обвинителство и „есклузивно за ТВ 24 и репортерот Мишко изјавува:

„Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.
„Разбрав утрово и навистина ми е жал и дојдов во обвинителството. Вчера бев болен и кога дознава сабајлево, дојдов сега во обвинителството. Имав симптоми на корона и затоа сакав да се изолирам. Одам да го видам решението. Оној што ме познава знае дека кога ќе дадам збор нема да го погазам.“ – рече Мијалков за телевизија (ТВ24).

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излоација поради здравствени причини. Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.“

Каде бил во меѓувреме Сашо Мијалков?
Како тоа Мишко и ТВ24 се ексклузивно информирани за појавувањето на Мијалков во обвинителство?
Зоран Заев со статус на ФБ во точно време знаел претходно дека Сашо Мијалков ќе пристигнал во Јавното Обвинителство?
Кои се тие мерки и начини“ со кои се влијаело на Сашо Мијалков да не се подвргне на бегство, а со кои се фали Зоран Заев дека „лично координирал и ги водел“?

П.Симеонов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This