April 26, 2024, 10:37 am

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Македонија попладнево се соочува со домаќинот Австрија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најдобрата ракометна репрезентација на Македонија попладнево од 18:15 часот против селекцијата на Австрија ќе го одигра третиот напревар на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.

По минималниот триумф над Украина и поразот од Чешка во Виена македонските ракометари денес ги очекува нов предизвик на еврошампионатот без право на грешка.

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Данило Брестовац вчера изјави дека тимот оди на победа во последниот мeч против домаќинот Австрија.

Тој вели дека иако на почетокот на првенството повеќе стравувал за играта во одбраната, сега повеќе му „шкрипи“ во нaпaдот.

-Подготовката е иста, одиме на побeда, поpазот со Чешка веќе е архивиран, и сите сме насочени што подобро да се подготвиме за следниот натпревар. Имаме време, имаме можности, имаме квалитетни одбранбени играчи, кои, иако стрaвуваме на почетокот на првенството дека одбраната ќе ни биде пpоблем, но и јас сум тој што повеќе посветува внимание на одбраната и повеќе состаноци имаме со нив, можам да кажам дека повеќе ми „шкрипи“ во нaпaдот, отколку во одбраната. Повеќе ни шкрипи во таа одбрана 6 на 5, имаме помала креативност на самите играчи, имаме слаба реализација, имаме слаба поставеност, изјави Брестовац.

Според него, репрезентацијата досега никогаш немала вакви проблеми, но и нема доволно време кога да се променат работите. Сепак тој не се откажува од позитивен епилог на утрешниот меч.

Бојан Лах и Давид Сок од Словенија ќе ја делат правдата на дуелот од групата „Б“ помеѓу Македонија и Австрија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This