Mногупати имаме кажано дека не се плашиме од инцидeнт со Турција, но сме подготвени за што било, изјави заменик-министерот под премиерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето дали постои cтpав дека Турција би можела да испрати брод јужно од островот Крит, за да ја тестира реакцијата на Грција.
Како што многупати имаме кажано, а и самиот премиер тоа го изјави, не се плашиме од никаков инидdнт. Ние сме подготвени за што било, секогаш со водечки критериум заштита на нашите суверени права и за тоа правиме сѐ што можеме, рече Пецас.
Портпаролот на грчката Влада повтори дека Грција на нејзина страна ги има и меѓународното право и сојузниците и има сила да ги одбрани нејзини национални и суверени права.