Не те давам Македонијо- песната на Орде Неделковски ги сплoти Македонците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пејачот Орде Неделковски објави прекрасна песна со наслов „Не те давам Македонијо“.

Музиката и аранжманот за истата ги направи Горан Милошески, а текстот го напиша Огнен Неделковски.

Со песната тој настапи на „Гоце фест“, каде веднаш ја освои публиката која го награди со второто место.

Радијата во Македонија веќе ја пуштаат оваа песна, а огромен интерес се јави и кај македонската дијаспора ширум светот. Нашинците во Австралија веќе ја прогласија оваа песна за најголем хит годинава, а се јави и голем интерес за македонскиот пејач кој даде повеќе интервјуа.

По новиот хит, тој не застанува со работа. Во моментов снима уште една песна, која сигурно ќе биде хит на македонските свадби и која е наменета за кумот на младенците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This