НЕ ТРГНУВАЈТЕ ВЕЧЕРВА НА ПАТ: Снегот ќе се интензивира, на превоите веќе има забрани за движење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За автомобили и за автобуси засега нема забрани на планинските превои, но не се препорачува доцна попладнево и вечерва да се тргнува на пат. Најавите се дека интензитетот на врнежите ќе се засили ноќва, а на планините ќе има и значително спуштање на температурите.

avtopat_tetovo_gostivar__5_

Движењето на патиштата низ земјава е значително отежнато откако снегот, кој почна да паѓа утрово, се засили и почна да се напластува врз коловозот. На дел од превоите веќе има забрани за движење на тешките товарни возила. За автомобили и за автобуси засега нема забрани, но не се препорачува доцна попладнево и вечерва да се тргнува на пат. Најавите се дека интензитетот на врнежите ќе се засили ноќва, а на планините ќе има и значително спуштање на температурите.

Така, веќе е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на кракот Маврово – Дебар.

На автопатот од Скопје кон Тетово и кон Гостивар, и обратно, исчистена е по една лента, поради што им се препорачува на возачите да се придржуваат до вонредните услови на патот.

Според „Автомото-сојузот на Македонија“, сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот дел наместа со остатоци од снег и по интервенција на екипите на „Македонијапат“. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

avtopat_tetovo_gostivar__1_

Снегот ги забави градскиот и меѓуградскиот превоз, но без значителни проблеми, а засега не предизвикува проблеми во авиосообраќајот, каде што тековно се реализираат планираните полетувања и слетувања.

Поради спуштање на поларна воздушна маса од север, според УХМР, во попладневните и во ноќните часови врнежите од снег ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат интензивни. Насекаде ќе се формира снежна покривка (на планините над 50 сантиметри, а во пониските места од 10 до 20 сантиметри). Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 0 до 8 степени. Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од снег, кои повремено ќе се интензивираат и ќе се формира снежна покривка до околу 20 сантиметри. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе биде околу 0.

Врнежи од снег ќе има и утре, особено претпладне, но тие ќе бидат со намален интензитет. Во текот на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено. Преку денот најстудено се очекува да биде в сабота со температури од минус 12 до минус шест, а в недела утринските температури ќе се движат од минус 22 до минус 10 степени.

Сообраќајниците во Скопје се покриени со снег, поради што е отежнат сообраќајот низ градот. Со тешкотии се движат и пешаците зашто на тротоарите исто така има снежна покривка, а кашестиот снег во текот на ноќта ќе замрзне, па поради тоа е препорачливо да се избегнува движење во вечерните часови.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This