НИЗА НАВРЕДИ ОД РЕМЕНСКИ ДО ГРАЃАНИТЕ: Знаел ли брачниот пар Ременски за бегството на Груевски, но не пријавиле кај надлежните?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателката на СДСМ, актуелна пратеничка во Собранието на Р.Македонија и сопруга на еден од асистентите на директорот на УБК Јовче Ременски, на својот ФБ профил упати низа на навреди кон граѓаните, нарекувајќи ги „психотични“ бидејќи им се допаднала објавата на екс-премиерот Никола Груевски во која тој го објави неговото бегство


„11 000 допаѓања на статус за бегство, азил и кауза зборува многу за менталитетот на граѓаните и вредностите кои ги ценат. Тука нема ни кауза, ни патриотизам, ни свест за таа “лидерска величнина” на една психопатологија.
Чекам да ја видам бројката на допаѓања на објава дека, Унгарскиот азилант е фатен и донесен во неговата жална Македонија и дека друштво ќе му прави неговото обезбедување кое уште го чека на повик, пред зграда.
Има и такви во европски граници кои ќе го чекаат рецептот за ова “патриотско бегство”, за да знаат како (не)треба …“ – пишува Ременски, упатувајќи и закна до екс-премиерот, дека на некој следна граница знаеле како треба да постапат со него.

Ременски своевремено беше и близок пријател на Никола Груевски во деновите кога таа како потпретседателка на Светскиот Македонски Конгрес активно учествуваше во спроведувањето на програмата на влдата за поставување на споменици на Македонските револуционери. Но, најверојатно додека течеле парите, Ременски молчела. Тој молк се прекина во моментите кога престана и проектот. Сега, Фросина Ременски е на другата страна.

Она што е интересно е дека во полициските кругови се шири информација дека токму нејзиниот сопруг, Јовче Ременски, бил запознат со планот за бегство на Никола Груевски како советник на директорот на Управата за безбедност и контра-разузнавање, но одлучил тоа да не го сподели со надлежните органи. Прашањето кое легитимно се поставува, е зошто е тоа така?

Јовче Ременски заедно со Фросина Ременски беа обвинети од дел од медиумите, дека пред две години учествувале во трговија со снимените материјали од незаконски прилушкуваните разговори на владата на ВМРО-ДПМНЕ, во Косово и Србија, а трговијата се одвивала преку Ивица Дачиќ. Оваа информација брачниот пар ја демантираше, но демант не пристигна од Српската влада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This