March 28, 2024, 10:39 am

НИКНУВА ЛИ НОВА СТАНБЕНА НАСЕЛБА ВО АЕРОДРОМ: Се бетонира ли општината со најмногу зеленило?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никнува ли нова станбена населба во скопски Аеродром? Од она што може да се види на терен, со полна пареа се гради нов комплекс во непосредна близина Американ колеџ, покрај булевар Трета Македонска Бригада.

Пред неколку дена, Уставниот суд донесе одлука согласно која се укинува донесениот ДУП од Златко Марин и советничката група од СДСМ, меѓутоа и покрај ваквата одлука, на дел од локациите се гради, благодарение на градоначалникот кој, според советниците на опозицијата, експресно издал одобренија за градба.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ на општина Аеродром, за Алфа рече дека градоначалникот прави се само за личен профит, без да слуша мислење од другите, па оди контра и Уставниот суд кој кажа „не“ за градење.

Нема ниту паркови, ниту зеленило, но затоа има градежни машини кои активно работат на новата станбена населба, додава Антовски.

Паралелно, граѓаните се разочарани зашто на речиси секој чекор се гради. Велат дека не и даваат на населбата да дише, која важела за една од најзелените во минатото. Велат дека градските власти прават се, само за да се збогатат, без да мислат на оние кои ги донеле до функција.

Деталниот урбанистички план на просторот покрај булевар Трета Македонска Бригада, предвидува изградба на 4 нови станбени блокови со површина од над 90.000 м2 површина. Тоа се 4 нови висококатници, од кои 2 нови станбени згради со висина од 8 ката и 40.000 м2 површина и две нови деловни згради со висина од 5 ката и 50.000 м2 површина. За жал, тука е предвидено нешто помалку од 2% зеленило.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This