Никола Митовски Кољо демантира дека зел пари од Мијалков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демант

На ден 11.06.2020 година порталот infomax.mk објави колумна како најнова вест поврзана со мене лично, како засегната страна во кој се напишани невистинити, неточни, лажни и навредливи содржини во која се наведува дека јас сум добил сума од 500.000,00 Евра како обештетување од Мијалков, со цел да ја преземам целата вина за настаните од 27-ми април, а на тој начин Нинџа да биде ослободен од гонење како не би ја открил целосната вистина за настаните, кое нешто претставува ноторна лага.

Од вакви типови како Љупчо Палевски си патиме. Човекот нема три чисти. Додека јас и останатите гниеме по затвори, ти со ноторни лаги се обидуваш на наш грб да профитираш. Не ли ти е срам? Палевски, прашај ја жена ми колку пари сум зел за 27-ми април пред да истрескаш било што.

Само ти и некои однародени тврдите дека биле дадени пари за 27-ми април. Додека ти си пиеше кафиња со пријателчињата и се криевте како кукавици, жена ми го ставаше станок под хипотека за да платам трошоци
за адвокати.

Ниту некој ми дал, ниту пак сум земал 500.000,00 евра, ниту ќе земам. За тебе и другарчињата се се мери во пари и затоа не може да разберете дека постои некој кој што прави нешто за кауза и од срце. Тероризам немаше и не го признав делото кое ми се става на товар, не можам да признаам нешто што не постои! Што и да имаш во главата, што и да ти подметнале, што и да ти нарачале, престани и имај малку образ.

Ми нанесуваш штета и на мене и на другите кои што гнијат во затвор за Македонија. За секоја изнесена лага ќе ти биде поднесена тужба, па ти вади се дека си непресметлив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This