April 27, 2024, 12:33 am

Николов единствениот лекар на кој среде пaндeмија фотелјата му е поважна од животите на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека светот се соочува со пандемија, македонскот здравство пред колапс, луѓе умираат, штипскиот доктор Сашко николов тера предизборна кампања. Се чини кај Николов, кандидатотза градоначалник на Штип, работите одат по поинакво правило – фотелјата пред Хипократ, партијата пред заклетвата и етичките должности на еден лекар.

Среде пандемија му се поважни политичките функции наместо професијата. Додека Македонија ги живее најтешките денови откако започна пандемијата на корона вирусот и секојдневно броиме по илјадници заразени и двоцифрен број на починати, за Николов и СДСМ поважни се изборите.

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, која реши да не оди на избори среде пандемија коментира дека победата која ја бараат СДСМ и Николов во Штип може да биде само пораз за нарадот. Поразот подразбира заболени граѓани и најлошото некои починати.

Незамисливо е како во толку тешка ситуација, на еден лекар кој се заколнал дека својот живот ќе го стави во служба на хуманоста, го става во служба на партијата, а наместо најголема грижа здравјето на пациентите, му е партискиот интерес.

Во ваква тој ситуација најмалку ги има достоинството и честа. А дека ги нема потврдува и неговата последна изјава кога рече дека доколку победи ќе даде бесплатни маски за граѓаните.

– Ќе биде формиран фонд од донации за бесплатни заштитни маски за граѓаните доколку победам на локалните во Штип, најави Николов во неделата.

Повеќе трагично отколку смешно – со маски среде пандемија купува политички гласови. Актуелен пратеник, дел од извршната власт уценува граѓаните и на некој начин и понижува со ваква изјава дека бесплатни маски ќе има ако победи. А што ако не победи? Дали граѓаните тогаш треба да добијат бесплатни маски? Дали здравјето на граѓаните е важно ако Николов не победи. Николов како дел од извршаната власт досега требаше да се бори за здравјето и животите на граѓаните, а не да ги става во ризик и уценува.

Штип во моментов има 528 активни заразени лица со корона вирусот, во Македонија има 21.169 активни, ситуацијата е далеку од нормална за избори. ЦУК побара кризната состојба да се продолжи за уште 30 дена, а на сила се строги мерки како забрана за групирање на повеќе од 4 лица на отворено, скратено работно време на економски субјекти после 21 часот, препораки за работа од дома и задолжително носење на маска. Но и покрај тоа власта која знае дека ситуацијата е алармантна сепак се одлучи за црни избори кои единствено ќе загрозат животи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This