Николоски за aвтoпaтoт Охрид-Кичево: Кaдe штo зacтaнa paбoтатa во 2017 кoгa Заев фopмиpaшe Влaдa, тaмy e и дeнec

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски објави фотографија од автопатот Охрид-Кичево и како што вели, каде што застана работата во 2017-та кога Заев формираше Влада, таму е и денес.

Неговиот статус ви го пренесуваме во продолжение:

– Ова треба да е мост дел од автопатот Охрид – Кичево, 4 години застаната е работата и за малку не е завршен. Каде што застана работата во 2017 кога Заев формира Влада таму е и денес. Прашањето не е само кога ќе се заврши автопатот зашто јасно е дека ќе заврши кога ќе си оди неспособниот Заев од власт, прашањето е и во каква состојба ќе е овој мост и дали ќе биде безбеден зашто 4 години не е одржуван и стои на забот на времето. Локалните избори се првиот и најзначаен чекор за рушење на најнеспособната и најкриминална Влада во историјата на Македонија! Вие сте на потег, излезете и гласајте против власта на Заев на 17ти октомври!, напиша Николоски.

Статусот на Фејсбук може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This