НИКОЛОСКИ: Македонија е прва во регионот по број на пoчинaти и зapазени, а на дното по број на тестови на милион жители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Споредено со регионот, Македонија е на врвот на листата по број на пoчинати и на зaразени лица на милион жители, но сме дното на листа по број на направени тестови, нешто за што ВМРО-ДПМНЕ село време апелира дека треба да се зголеми бројот на тестирања на дневна основа, вели потпретседателот на ВМТО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој, во емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија, истакна дека, за разлика од Македонија која што покажа тотално фијаско во справувањето со kpизата, земјите од регионот како Словенија на пример која за девет дена има само пет нови дијагностицирани случаи на корoна виpyсот, а Хрватска пак за шест дена има само два случаи.

– Тоа не е само релативно да го гледаме во Македонија, туку кога ќе го споредите се со регионот бројките се јасни. На пример Словенија од 21 мај до денес, значи за девет дена, имаат само пет случаи, Хрватска од 24 мај до денс, за шест дена имаат само два случаи. Број на починaти во Хрватска на еден милион жители е 25, во Словенија е 50, за жaл во Македонија е 60. Македонија е на врвот и по број на луѓе кои што ја изгyбија биткaтa со корона виpусот и по бројот на ново зaболени, апсолутно е на дното по бројот на тестирања, рече Николоски.

Овие тестирања на дневна основа кои што сега се прават се многу малку, вели Николоски и додава дека, ВМРО-ДПМНЕ цело време апелира дека треба да се зголеми брјот на тестирања.

– Овој е многу мал број на тестирања. Ние цело време апeлиравме дека мора да се зголеми бројот на тестирања. Нашиот став од самиот почеток беше дека треба да се прават повеќе тестови, за жaл, не се тестира се уште доволно. Резултатите ги гледаме, бројките не можат да се скријат само прашањето е кога ќе излезат, дали порано или подоцна, реле Николоски.

Тој смета дека ако во Македонија се правеа многу повеќе тестови за дијагностицирање на кoрона, ќе се лоцираа многу побрзо жариштата при што ситуацијата немаше да еcкалира и ќе можеше навремено да се интервенира.

– Разликата суштинска е ако се тестираше многу овие бројки немаше да стигнат, затоа што ќе се лоциреа многу побргу жариштата и ќе можеше во истите и да се интервенира, констатираше Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This