Николоски: Нaбaвкaтa нa индиcки opeви и виcки oд cтpaнa нa диpeктopoт нa ЈП Македонски жeлeзници гo пoкaжyвa днoтo и зaбeгaнocтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира набавката на индиски ореви и виски од страна на ЈП Македонски железници, рече дека ова само го покажува дното што го имаат допрено, како и дека во услови кога железничката инфраструктура е катастрофална покажува само колку забегале.

Видов во текот на вчерашниот ден објава на Бирото за јавни набавки, каде што директорот на Македонски железници на фирма која што, да знае јавноста, 6 месеци касни со платите на вработените, објави тендер за набавка на обично виски, на виски старо 12 години, не знам ни како ги знаат вака, како ги разликуваат, очигледно има добар вкус, па на индиски ореви, лешници, па на бадеми, па на ф’стаци, па на чисто чоколадо, па на чоколадо мешано со ф’стаци, па на чоколадо мешано со ореви – исто така очигледен добар вкус што само го покажува дното што го имаат допрено, а тоа е дека немаат никакво чувство за реалноста, ниту имаат чувство на кој народ се власт во овој момент и кого претставуваат во услови кога возови во Македонија не возат, кога железничката инфраструктура е катастрофална да одат со тендер за лешници, бадеми, ф’стаци, индиски ореви и 12 годишно виски покажува колку забегале, вели Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This