April 26, 2024, 10:16 pm

НИКОЈ НЕ ГО „ТРКАЛА“ НАРОДОТ: Багерите кај „Мајчин дом“ повторно почнаа со работа – зградата ќе се гради!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Багерите повторно кренаа прашина во Аеродром, на местото кај Мајчин дом каде до пред еден месец имаше зеленило. Ја копаат дупката од каде за две години треба никне зграда.

Два дена откако Уставен суд пресече дека нема ништо спорно во документацијата за Деталниот урбанистички план за тоа место и дека тој е во согласност со Законот за урбанизам и просторно планирање – инвеститорот веднаш ги засука ракавите и се зафати со работа.

Петнаесет дена откако беше запрена изградбата со решение од општината – истата денес продолжи. Багери го раскопуваат зеленилото, овде во Аердром.

Инвеститорот Фатмир Етеми постојано ги смирува тензиите кај аеродромци. Им ветува дека освен зграда која ќе го разубави и урбанизира просторот, ќе вложи пари и во садење дрва и изградба на парк.

Од Општината Аеродром пак велат дека направиле се што можеле за целосно да ја спречат изградбата. Повеќе ништо не е во нивна моќ.

Градоначалникот Марин се надеваше на исход позитивен за него по претставките до Уставниот суд.

Сега наместо да го реши постоечкиот проблем, размислува како да превенира такви случаи во иднина.

„Следната недела ќе објавиме јавен повик за членови во партиципативно тело од областа на урбанизмот. Граѓаните и правните лица ќе можат да учествуваат во изготвување плански решенија за Општината и да спречат носење штетни ДУП-ови. Со ова гарантираме дека Мајчин дом никогаш веќе нема да се повтори,“ велат од Општина Аердром.

Во 15-те дена додека привремено беше запрена изградбата, градоначалникот Марин и инвеститорот Етеми седнаа на маса во обид да најдат решение. Преговараа за оштета, како и за заменска парцела – но, неуспешно. Неизвесноста околу зградата кај Мајчин дом ја расчистија од Уставен суд откако не одлучија во корист на претставките на 12 физички и правни лица доставени за ДУП-от на таа локација. Службите на Општината работат на внатрешна ревизија на Планот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This