March 28, 2024, 12:40 pm

Никoлocки: He oчeкyвaм oдлoжyвaњe нa избopитe, eдинcтвeн кoj ja фopcиpa oвaa тeмa e Зaeв и СДСМ зaтoa штo ce cвecни дeкa ќe им ce cлyчи пopaз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не очекувам одложување на изборите, единствен кој ја форсира оваа тема е Зоран Заев и СДСМ затоа што се свесни дека ќе им се случи пораз, и изборите не треба да бидат одложени вклучително и заради епидемиолошката слика која е во Македонија, затоа што се покажа дека во еден период од година и пол власта не успева да се справи со корона пандемијата, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Македонија е последна во Европа што набави вакцини, во Македонија долго време немаше вакцини луѓе мораа да одат во Србија да чекаат редови за да се вакцинираат, во Македонија мерките за поддршка на стопанството се најслаби од сите земји во регионот, да не зборувам за европско ниво. Исто така во Македонија најмалце се одвојува од БДП за поддршка на стопаснтвото и во Македонија имаме едни хаотични мерки кои гледаме дека во суштина ги смислуваат Заев и Филипче, а не стручни луѓе”, кажа Николоски.

Според него „затоа што стручните луѓе излегоа и кажаа дека овие мерки ги предложиле порано, а дел воопшто не ги предлагале и со истите не се согласуваат е причина плус за избори”.„Сето ова покажува дека има еден тотален хаос, дека власта не знае да го менаџира овој процес со корона вирусот затоа се потребни избори за да се промени оваа власт и да дојде една компетентна власт која ќе почне да ги решава проблемите”, рече Николоски. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This