НИНА ЈАНЕВА „РАСПАЛИ“ ПО „МАЧИЊАТА ОД РЕЖИМОТ“: За 3-4000 евра си ја продадовте крвта и името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спотот кој со пари на граѓаните го нарача Собранието на Р.Македонија во рамки на референдумската кампања, на кој се појавија голем дел од членовите на македонската естрада, предизвика жестока реакција од граѓаните, кои со доза на гадење ја коментираа одлуката на пејачите за пари да го „продадат името“

Реагираше и пејачката Нина Јанева, која на својот ФБ профил ги прозва оние кои ги прифатиле хонорарите за учество во спотот, нарекувајќи ги сончогледи кои додека „режимот“ беше на власт им биле најдобри пријатели, за сега повторно да се снајдат и со новиот режим цицајќи од новата власт.

 Го изглеав спотов на овие ретардираниве властодржци.
Тука гледам неколку мачиња што со “режимот” беа братче знаеш, шемите, белото, дискотеките, шуш буш. После чув дека биле репресирани од истиот 🤣🤣🤣 Ете ги истите цицаат и од овие профитериве.
Колеги драги: за жал, ми е срам да Ве наречам колеги денеска.
Ама па од друга страна и мене да ми понудеа 3-4000 евра НИКАД НЕМАШЕ ДА СИ ГО ПРОДАДАМ ИМЕТО И КРВТА.
Браво мачиња, штотуку ги ебавте сите музичари што со векови ја пееле традиционалната македонска песна, на кои вие мачиња сите до еден имате примено хонорарчиња од “режимот” кога ги преработувавте сите за едицијата на Агенција за млади и спорт. Браво мачиња, дотерани сте, скоцкани и многу убаво изгледате додека ги кењате Васка Илиева, Вања Лазарова, Војо Стојановски, Сариевски, Јонче Христовски… Браво мачиња. Браво мачиња што сте ја претставувале државава надвор од нејзините граници, ама очигледно друго било работава. На крај откако ви платија, ве шљакнаа по газето? Ви рекоа Ал кол ју? Пу!!! #shitIdliketoshare – напиша Јанева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This