March 29, 2024, 10:05 am

НИТУ ВЕС МИЧЕЛ НЕ МУ ГО ПРОМЕНИ СТАВОТ НА МИЦКОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа Договорот со Грција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.

Како што велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, евроантлантските интеграции на Македонија како и актуелниот референдум за договорот со Грција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакнал дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е од стратешки и државен интерес, а дека Македонија и ВМРО-ДПМНЕ на САД гледаат како на најголем свој партнер и сојузник.

Мицкоски подвлекол дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела и додал дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово не прифаќање.

-Соговорниците се согласија дека Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие цели, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This