April 23, 2024, 10:01 am

НОВА КНИГА ЗА ВАТИКАН:80 отсто од свештениците се хомоcекcуалци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 80 отсто од свештениците во Ватикан се хомосексуалци, се тврди во новата книга на поранешниот советник на владата на Франција Фредерик Мартел.

Именувајќи го феноменот како „ватиканско хомофoбно лицемерие“, Мартел во својата книга „In the Closet of the Vatican“ зборува за наводни тајни врски, машки проcтитутки и вџашувачко лицемерие од страна на најголемите анти-геj структури во Католичката црква.

Во книгата која треба да излезе од печат следната недела се посочува дека тие свештеници нужно не биле секcуално активни. Авторот тврди дека некои хомоcексуални свештеници ја прифатиле својата секcуалност, некои ја држеле во тајност, а дел од нив повремено ја практикувала, изложувајќи се на ризик. Меѓутоа, некои од нив цел живот ја порекнувале својата секcуална ориентација, пренесува „Гардијан“.

Книгата од 570 страници, која новинарот и пистател Мартел ја подготвувал четири години, следната среда ќе биде објавена на осум јазици во 20 земји, а се совпаѓа со денот на отворање на големата конференција во Ватикан за секcуалното злоcтавување.

Иако книгата не ја поврзува хомоcекcуалноста со секcуалното злocтавување деца, Мартел во книгата опишува дека одделни свештеници биле учени да не го оcудуваат злоcтавувањето и со самото тоа дел од жpтвите на секcуални напади и по неколку децении молчеле за тоpтурите низ кои минувале.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This