Нова функциоја во системот „Мој ДДВ“, граѓаните ќе можат да проверат колку пари добиле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На електронската платформа е-ПДД е поставена нова функционалност за граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ, соопшти Управата за јавни приходи.

Секој граѓанин со најава на својот профил на е-ПДД има можност во новото прозорче „Мој ДДВ – До каде е исплатата на повратот“ да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ.

Преку оваа нова функционалност граѓанинот може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е погрешно внесена (внесената сметка не е лично негова или пак, е внесен број на платежна картичка), како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка за да се реализира исплатата.

Управата за јавни приходи продолжува со поедноставување и автоматизирање на процесите, во насока на обезбедување на високо ниво на услугите за граѓаните, се вели во соопштението до медиумите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This