Новинарка го откри потсмешливиот прекар што Иванка ѝ го дала на Меланија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЗАБАВАНовинарка го откри потсмешливиот прекар што Иванка ѝ го дала на МеланијаОбјавено пред 1 час – 17 јуни, 2020Од Макфакс

Меланија Трамп својата поќерка Иванка ја нарекувала Принцеза, а пак, таа, ѝ го дала прекарот Портрет затоа што малку зборува.

Нивните прекари беа откриени во новата книга The Art of Her Deal: The Untold Story of Melania Trump, биографија на Меланија Трамп, напишана од новинарката на „Вашингтон пост“, Мери Џордан.

Во книгата е прикажан напнатиот однос помеѓу првата дама и ќерката на Трамп од неговиот прв брак, која денес работи како негова советничка.

„Ја слушнаа Меланија дека Иванка ја нарекува Принцеза“, пишува Џордан.

Таа додава дека Иванка на маќеата ѝ дала прекар Портрет затоа што зборувала толку често колку и портретот, делови од книгата пренесува „Њујорк тајмс“.

Белата куќа ги негира тврдењата во книгата.

„Овие тврдења се далеку од вистината, а ‘Вашингтон пост’ и издавачите требаше да ги проверат фактите во канцеларијата на Иванка, тие требаше да го знаат тоа“, рече заменикот на портпаролката, Џуд Деер.

„Хит-книгите како оваа служат само за поттикнување непостојни интриги и не се достојни за хартијата на која се отпечатени“, продолжи тој.

Кабинетот на Мелани соопшти дека авторката на книгата не им доставила целосен список на податоци што треба да ги проверат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This