Новинарот од БГНЕС кој го направи ckaндaлозното интервју со Заев е од Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целата земја, но и регионот останаа запрепастени од скандалозното интервју на Зоран Заев и новинарот од Бугарија, Љубчо Нешков. Нешков, новинар од Бугарија, основач и сопственик на БГНЕС, всушност е Македонец, роден во Скопје, а со потекло од Прилеп.

Еве ја неговата биографија која може да се најде на Википедија.

Љубчо Темелков Нешков е бугарски новинар, сопственик на новинската агенција БГНЕС. Роден на 29 јули 1964 година во Скопје во семејството на Темелко Нешков од Бело Поле, Прилепско. За време на Титова Југославија, неговиот татко бил уапсен и минал 12 години во затвори и концентрациони логори за одбрана на бугарството и за членство во нелегална антимакедонска организација. Во 1977 година Темелко Нешков и неговата ќерка Славица емигрирале во Белгија, а една година подоцна таму пристигнале сопругата и синот Љубчо.

Во 1985 година семејството засекогаш се населило во Бугарија. Љубчо Нешков дипломирал историја и новинарство на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“. Работел како новинар во весникот „Стандард“, а подоцна и во Бугарската национална телевизија. Нешков стана познат по известувањето за кризата во Косово во 1998-1999 година. Во 2001 година, Љубчо и неговата сестра Славица ја основале новинската агенција БГНЕС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This