April 20, 2024, 10:48 am

НОВИ 100 ВРАБОТУВАЊА: Неповратни грантови од по 3.000 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Започнува третата и последна фаза за оваа година од владината мерка грант за самовработување. Огласот е веќе објавен и сите невработени лица регистрирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија кои имаат добра бизнис идеја ќе можат да аплицираат и добијат грант од 3000 евра за основање на свој сопствен бизнис.

dime-spasov

Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека во третата фаза ќе бидат опфатени 100 невработени лица кои најпрво ќе треба да посетат соодветна обука, а потоа ќе ги добијат и неповратните средства.

-Оваа трета фаза  предвидува 100 нови вработувања, 100 новоотворени работни места. Оваа година досега се формирани вкупно 422 компании, додека пак до крајот на месецот очекуваме да започне процесот на регистрација на уште 390 мали компании преку проектот грант за самовработување. За реализација на овие нови 100 вработувања  се обезбедени средства во износ од 20 милиони денари, додека пак за целата година предвидуваме вкупно 1010 грантови да се доделат за самовработување, со тоа да се отворат 1010 нови работни места и за реализација на овие нови работни места се обезбедени 225 милиони денари, истакна Спасов.

Заменик министерот  упати апел до сите невработени лица да ја искористат оваа последна можност  за 2016 година, да аплицираат и да добијат неповратни средства од државата.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски истакна дека од 2007 година, од кога се спроведува проектот, досега се формирани над 8.100 компании, и оти над 70 проценти се уште работат.  Во 35 од нив, рече тој, има дополнителни над 250 вработувања.

Во текот на наредниот месец, додаде, се очекува да се соберат сите апликации и да се почне со едукација за бизнис. По обуката, најдобрите 100 кои ќе ги добијат грантовите ќе имаат можност од Агенцијата за претпримништво да добијат ментор експерт кој ќе им помогне во деталите и разработката на бизнис планот.

– Во наредните две години тие ќе добиваат техничка помош од АВРМ и УНДП, со можност да го доразвиваат сопствениот бизнис кој го отвориле, истакна Поповски.

Во изминатите години се отворени  мали бизниси во различни области како услуги, производство, градинка, игротеки, пекари, работилници, услужни дејности од областа на софтвер и софтверски материјали. Со оваа програма не се финансираат дејности од земјоделство и такси превоз.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This