НОВИ 72.3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАДОЛЖУВАЊА: За четири месеци половина милијарда евра нов долг, платата и пензиите намалени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската економија е на колена и секојдневно тоне. Нема ден, а да не излезе некој поразителен податок. Пари за предвиденото покачување на пензиите нема, а просечната плата се намалува наместо да расне. Црното економско трио Заев, Тевдовски и Анѓушев ја туркаат државата во рецесија, истакна Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Опаѓа индустриското производство во континуитет, а единствено што знае црната економска тројка е преку нови енормни задолжувања да ги покрива дупките и сопствената неспособност. Од вчера Република Македонија е задолжена за нови 72.3 милиони евра. Цели 11.3 милиони евра повеќе од тоа што го најавија со електронската аукција. Со задолжувања, владата за четири месеци ја задолжи државата за 320 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи дополнителни 177 милиони евра. Тоа е вкупно околу половина милијарда евра за само четири месеци од владеењето на СДС за кои граѓаните не знаат за што се потрошени, рече Делев и додаде:

„Дополнителен проблем е што ова задолжување се реализира токму пред избори. Државата зема огромна сума на пари која може да биде злоупотребена за поткуп на гласачи. Постојат информации дека СДС сака да реализира уште две задолжувања во изборниот период, односно во октомври и уште четири до крајот на годината. Сето ова фрла силен сомнеж дека интензивните задолжувања на СДС овој период се поврзани со изборниот процес. Како СДС ја третира економијата говори и фактот што Македонија е исфрлена од ранг листата за конкурентност што ја објавува Светскиот економски форум. Ја нема! Во тие 137 земји, рангирани се сите земји во регионот и соседството. На пример Србија е рангирана на 78 место, Бугарија е рангирана на високи 49 место додека Албанија е рангирана на 75 место. Само Република Македонија и Косово не се рангирани на овој светски престижен форум“.

Проблемот зошто Македонија, додаде Делев, не е рангирана е заради тоа што никој од сегашната влада не нашол време да го пополни формуларот и да го прати до овој престижен форум.

-Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија на Светскиот глобален форум за глобална конкурентност беше рангирана на високото 60-то место. Граѓаните веќе го чувствуваат економскиот колапс кој е пред вратата и на 15-ти октомври имаат можност со заокружување на гласачкото ливче да го запрат тоа и да го казнат СДС за расипништвото и хаосот што го создаваат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This