НОВОТО ИМЕ НА ПАРТИЈАТА НА ГАШИ Е АЛТЕРНАТИВА:Беса остана на Касами

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Алтернатива” ќе биде името на новата партија на Африм Гаши, откако се откажале од натамошниот спор за тоа кој е наследник на партијата Беса, потврди за Плусинфо претседателот на сега новата партија Африм Гаши.

По ваквата одлука Беса останува на Билал Касами.

Ова било одлучено на денешната средба на Централното собрание на крилото предводено од Гаши.

Одлуката била донесена на барањето на членството, кое побарало да се прекине судскиот процес за името.

Структурите кои го поддржуваат Африм Гаши, треба да ја соберет потребната документација за регистрирање на името на новиот политички ентитет.

Битката за „Беса” почна по несогласувањето на двете крила на партијата поради неповолните резултати на локалните избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This