НОВО ТЕСТИРАЊЕ НА „ЦИРКОН“: Руската армија ќе ја тестира супер-ракетата „Циркон“ следниот месец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според извори од безбедносните структури на Северозападниот федерален округ, тестирањето ќе биде реализирано на воен полигон на Северната флота.


Следното тестирање на перспективната хиперсонична противбродска ракета „Циркон“, судејќи според сѐ, ќе се реализира на воен полигон на Северната флота до крајот на оваа година. Ова во петокот на интернет-порталот ТАСС му го пренесе соговорник од безбедносните структури на Северозападниот федерален округ.

„Лансирањето на ракета „Циркон“ ќе биде реализирано во акваторијата на Белото Море до крајот на оваа година. Конкретниот датум ќе биде одреден кога сè ќе биде подготвено“, рече тој, додавајќи дека во моментов се комплетира специјална понтонска платформа од која ќе се реализира лансирањето на новата ракета.

Од „НПО Машиноградба“ (НПО машиностроения) не ги коментираа овие наводи.

За ракетата „Циркон“
За перспективите на новата хиперсонична противбродска ракета „Циркон“ неодамна зборуваше рускиот претседател Владимир Путин, кој во февруари им се обрати на руските пратеници. Проектот „Циркон“ вклучува изградба на ракета способна да достигне брзина од 9000 км на час на нејзината траекторија на летот, со ефективен дострел поголем од 1000 километри. Основите платформи кои ќе ги имаат овие ракети во своето вооружување ќе бидат површински бродови и јуришните подморници. Според воените експерти, во овој момент не е можно да се соборат овие проектили со помош на познатите средства за противракетна одбрана кои се наоѓаат во вооружувањето на воените бродови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This