Нов Зеланд мoжe цeлocнo дa гo зaбpaни пyшeњeтo зa poдeнитe пocлe 2004 гoдинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов Зеланд разгледува серија мерки насочени кон забрана за пушење, вклучително и радикална иницијатива со која ќе се забрани продажба на тутун на цела генерација.

Со новиот национален акциски план Нов Зеланд сака постепено да ги зголемува законските старосни граници за пушење, што може да се прошири до забрана за продажба на цигари и производи од тутун на сите родени по 2004 година, што би го направило пушењето нелегално за таа генерација .

Поддржувачите на иницијативата бараат значително намалување на нивото на никотин дозволено во тутунските производи и ограничување на локациите на кои тие можат да се продаваат. Владата, исто така, ќе пропише минимална цена на тутунот и цигарите. Мерките имаат за цел да ја отстранат употребата на тутун во земјата, претворајќи го Нов Зеланд во „зона ослободена од пушење” до 2025 година.

Министерството за здравство на Нов Зеланд објасни дека и покрај тоа што стапката на пушење паднала во последните неколку децении, останува уште многу да се направи за да се намали употребата на тутун, „особено меѓу Маорите, пацифичките народи и оние кои живеат во нашите најмалку развиени заедници”.

Новозеланѓаните се поканети да дадат повратни информации за акциониот план објавен вчера. Граѓаните ќе можат да ги споделат своите размислувања за ова прашање до 31 мај пред да влезат во следната фаза на правната постапка.

Помошникот министер за здравство Ајеша Верлал рече дека околу 4.500 Новозеланѓани годишно умираат од болести поврзани со тутун и дека владата е посветена на „забрзување на напредокот” во борбата против пушењето, пишува Вечерњи лист.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This