April 16, 2024, 10:37 pm

НОВ ИЗВРШЕН КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ: Во петок ќе се избира новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ во петок ќе го избере новиот Извршен комитет на партијата. Според неофицијалните информации кои ги објавија дел од медиумите, партијата во петок ќе го свика Централниот комитет кој треба да одлучи кој ќе членува во извршното тело на партијата.

Според неофицијалните информации до кои дојде Press24 од партиски извори, во новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да влезат многу нови лица а дел од постарите кадри да се повлечат.

-Измените во партиското раководство доаѓаат во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотира работата на Собранието поради апсењето на триесетина лица за настаните од 27 април. Не треба да биде изненадување доколку дел од луѓето кои со години беа во раководните структури на партијата да не добијат место во новиот Извршен комитет кој ВМРО-ДПМНЕ го дополнуваше пред последните избори. Покрај кадровските измени, ВМРО-ДПМНЕ најавува и статутарни промени кои треба да го направат партискиот Статут во согласност со оние на партиите од ЕПП, каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот Мицкоски вчера рече дека планира да ја модернизира партијата и да ја зголеми нејзината функционалност, објави порталот.

Партиски извори за порталот најавуваат дека ќе се менува и структурата на партиското раководство. Според нив, партијата ќе назначи повеќе потпретседатели.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This