НОВ РЕЗИЛ НА СДСМ ПО ПОРАЗОТ НА ХИЛАРИ: Три дена чекаа „чадорот“ да им даде изим да му честитаат на Трамп, и ја оплескаа работата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поразот кој го доживеа Хилари Клинтон на претседателските избори во САД, избори кои пак воопшто или пак многу малку имаат било каков ефект врз Македонија, предизвикаа доза на огорченост во редовите на СДСМ, до степен луѓето како Заев и Шеќеринска да запаѓаат во депресија, човек да помисли дека ги спремале за шеф на кабинет или државен секретар во администрацијата на Хилари

zaev_ambasada_Usa_uck

Малодушноста и мизеријата во која живеат најдобро се покажа со тоа што три дена не успеаа да испратат честитки до новоизбраниот претседател на САД, од куртоазност ако ништо друго, покажувајќи дека кај нив има барем малку политичка култура останата.

Сепак, највројатно чекаа за таквата честитка да добијат од „чадорот“ кој беше поставен на позицијата Амбасадор на САД во Македонија токму од администрацијата на Обама во времето кога Државен секретар беше токму Хилари Клинтон. Се плашеа луѓето, да не се налути „чадорот“, да не помисли дека ги промениле дресовите па сега навиваат за Трамп.

Откако ја добија дозволата, имаа и обид да испратат честитка. Секако, како и со секоја друга иницијатива на СДСМ и оваа катастрофално пропадна. Во електронската порака испратена до кампањата на Трамп, СДСМ заборавиле да ја испратат честитката, па само напишале известување дека праќаат честитка.

cestitka_sdsm_tramp

Ужалениот Зоран Заев од Муртино и разочараната Радмила Шеќеринска покажаа дека немаат капацитет за водење држава, а уште помалку за надминување на личната малодушност и да честитаат победа на политички опонент, дури и од позиција на навивачи, симпатизери.

Jавното застанување на Заев против Трамп и поддршка на Хилари Клинтон е своевиден реванш за ангажманот на западни дипломати блиски до Клинтон околу Заев и СДСМ, како и помошта која ја добиваат од нив. Трети пак велат дека не се работи ни за едното, ниту за другото туку едноставно Заев е влезен во серија на грешки кои ќе кулминираат на изборите на 11-ти декември.

СДСМ не само што навиваа за демократите и се надеваа дека Хилари ќе победи, туку и активно учествуваа во кампањата на Клинтон.

bogoev-hilari-640x742

За жал, добро е познато дека секаде каде што Заев ќе даде поддршка, како по правило тој што ја добил поддршката на крајот е поразен. Така беше и со Шкендија која пред појавувањето на Заев на стадионот имаше одлична серија.

Изминатава недела воопшто не беше добра ниту за Заев ниту за СДСМ. После скандалозните пратенички листи, јавните критики и оставки од високите функционери кои не се најдоа на истите, жестоките коментари од активистите и симаптизерите и распаѓањето на опозиционата коалиција, сигурно на Заев и СДСМ добро ќе им дојдеше победа на нивниот пулен Хилари Клинтон и гаранција дека поддршката за СДСМ и нивните „акции“ ќе продолжи.

Шансите за тоа, велат експертите, сега се драматично намалени. А после изборите на 11-ти декември, веројатно и потполно ќе исчезнат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This