April 26, 2024, 12:01 pm

Ноемвриската пролет заврши – УХМР со најнова анализа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минус пет степени утрово се измерени во Берово, минус два во Скопје и Битола, а минус еден во Тетово. Во другите населени места утринската температура е над нулата, а максимални осум степени се измерени во Дојран.

Утрово времето во Македонија беше ведро, тивко и релативно студено. Во струмичката котлина имаше појава на магла но небото е видливо, а во битолската и скопската котлина појава на слаба магла. Појава на магла имаше и во Берово.

Најавите за во текот на денот се променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Во попладневните часови ќе почне да дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието, каде наместа се очекува да достигнува брзина до околу 60 км/час.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.

Во Скопје, претпладне магливо, попладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Во наредните денови под влијание на студена воздушна маса од север следува период на променливо облачно и постудено време со услови за локален дожд, а на повисоките места и на планините ќе има услови за локален снег.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This