Нaгло зголемен бројот на зapа3ени од kopoнавиpусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на жр тви од новиот кор онавирус во кинеската провинција Хубеи нагло се зголеми за 242, но нагло порасна и бројот на зара зени – за 14.840, соопштија денеска здравствените власти откако почнаа да ги користат новите методи за дијагностицирање на бо леста.

Ова е рекорден број на регистрирани смртни случаи и зарази во еден ден, со што вкупниот број на луѓе кои починале од последици од новиот коронавирус во Кина сега се зголеми на 1.310, а бројот на заразени на 48.206.

Здравствените власти во провинцијата, жариштето на коронавирусот, објавија дека од денеска во билансот ги вклучуваат и луѓето кај кои болеста е дијагностицирана со новите методи.

Провинциската здравствена комисија минатата недела најави дека ќе почне да ги признава резултатите од компјутерска томографија, радиолошки метод на снимање на пациентите, како потврда за инфекцијата, што им овозможува на болниците побрзо да ги изолираат пациентите.

Провинцијата Хубеи претходно ги признаваше само резултатите од тест со рибонуклеинска киселина, кој покажува присуство на вирусот, но потребно е извесно време да се добијат резултати.

Користењето на скенер може брзо да покаже инфекции на белите дробови, така што пациентите ќе можат навреме да почнат со лекување и со тоа да се зголеми и можноста да бидат излекувани. МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This