Нe ce знae кoи биле kpитepиумите за избop: Ова е бугарската компанија која го изработи сајтот за попиcoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Скеил фокус“ е компанијата што ја изработила вебстраницата (census.stat.gov.mk) за попис на иселениците, а за која програмерите алармираа дека има недостатоци и аномалии. Станува збор за фирма што е основана во 2012 во Бугарија, а претставништвото во Македонија го отворила пред една година и три месеци. Дека тие ја работеле
страницата за попис, потврда е и нивното лого поставено на неа. Според портфолиото на фирмата, таа од нејзиното основање до сега има над 680 вработени, повеќе од 300 клиенти, над 500 проекти и повеќе од 100 награди. За јавноста е непознато какво софтверско решение било нарачано од Државниот завод за статистика, ниту колку чини.

Во електронскиот систем за јавни набавки, во делот на склучени договори, не може да се најде набавката што Државниот завод за статистика ја направил со фирмата „Скеил фокус“. „А1он“ испрати и прашања до двете страни за тоа какво софтверско решение е набавно и испорачано, дали се задоволни од нивото на безбедноста и заштитата на веб-страницата, како и дали е изработена според спецификација. До овој момент Државниот завод за статистика и фирмата не одговорија на прашањата. Заводот за статистика не кажува ниту по кој критериум е избрана фирмата.

Извор: А1 ОН

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This